Lynk & Co ќе прави и спортски модел

Кинеската марка Lynk & Co, која е во сопственост на концернот Geely, развива нов кросовер под името 02. Ова го откри потпретседателот на брендот, Ален Висер, за весникот Auto Express.

– Гледаме како се повеќе и повеќе млади луѓе се свртуваат кон компактните кросовери. Ова се автомобили кои им овозможуваат да патуваат удобно со пријателите, а во исто време остава впечаток, објасни Висер.

Топ-менаџерот не даде други детали за кросовер, но прецизира дека тој ќе се појави веднаш по излегувањето на модел 01. Овој автомобил ќе се позиционира како „паметен кросовер”, а неговата продажба во Кина ќе стартува до крајот на годината. Во Европа и САД машината ќе се појави дури во 2019 година.

По моделите 01 и 02 Кинезите ќе понудат и 03, кој ќе претставува седан. Тој исто така е ориентиран за внатрешниот пазар, а сеуште не е јасно дали ќе се нуди во САД и Европа. За него се знае дека ќе добие 1,5-литарски бензински мотор со 3 цилиндри и моќност од 180 КС. Што се однесува до кросовер, тие ќе бидат опремени со 2,0-литарски бензински мотор со околу 240 КС. Ќе има и хибридна верзија, во чија основа ќе биде 1,5-литарски бензински мотор. Тој ќе биде помогната од електричен мотор, а моќноста на целиот погон ќе биде 220 КС.

- Реклама -