Луѓето што пијат живеат подолго?

конзумирање алкохолЕдна од најзбунувачките работи поврзани со конзумирањето алкохол е дека луѓето кои воопшто не пијат умираат многу порано од оние кои пијат. Стандардното објаснување на групите кои се борат против алкохолизмот е дека оние луѓе кои на анкетите одговараат дека не пијат алкохол се поранешни алкохоличари кои добиле сериозни здравствени проблеми поради злоупотребата на алкохолот.

Една од најзбунувачките работи поврзани со конзумирањето алкохол е дека луѓето кои воопшто не пијат умираат многу порано од оние кои пијат. Стандардното објаснување на групите кои се борат против алкохолизмот е дека оние луѓе кои на анкетите одговараат дека не пијат алкохол се поранешни алкохоличари кои добиле сериозни здравствени проблеми поради злоупотребата на алкохолот.

конзумирање алкохолНо, новата студија објавена во журналот Alcoholism: Clinical and Experimental Research наведува кон тоа дека, поради сè уште нејасни причини, целосното избегнување на алкохол го зголемува ризикот од прерано умирање. До овој заклучок може да се дојде дури и кога од статистиката ќе се отстранат луѓето кои порано пиеле, но се откажале. Најшокатно е тоа што стапката на смртност е поголема кај оние кои го избегнуваат алкохолот, дури споредено и со оние кои знаат да се напијат повеќе од што треба.

Умереното пиење, опишано како една до три чаши дневно, води кон најниска стапка на смртност според статистиките на студии поврзани со алкохол. Умереното користење на алкохол (особено кога пијалакот е црвено вино) го подобрува здравјето на срцето, циркулацијата и друштвеноста, што е важно бидејќи изолираните луѓе имаат помалку пријатели кои би можеле да забележат некаков здравствен проблем.

Но, зошто избегнувањето на алкохолот води кон пократок живот? Вистина е дека оние кои избегнуваат алкохол потекнуваат од пониските социоекономски класи, бидејќи пиењето може да биде скапо. А луѓето со понизок социоекономски статус имаат повеќе стрес во животот – работата и грижите околу децата кои можат да придонесат кон развивање на болести поврзани со стрес.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Но, дури и откако ќе се направат промени за сите замисливи непознати – социоеконсмкиот статус, нивото на физичка активност, број на блиски пријатели, поддршката од околината итн. – истражувачите (шестчлен тим предводен од психологот Чарлс Холахан од Универзитето во Остин, Тексас) откриле дека во период од 20 години, стапката на смртност била највисока кај оние луѓе кои не конзумирале алкохол во моментот, без разлика дали биле поранешни алкохоличари, втора највисока стапка на смрност имале оние кои претеруваат со пиењето, а истата била најниска кај оние кои конзумирале алкохол умрено.

Во овие студии биле опфатени и индивидуи на возраст помеѓу 55 и 65 години кои имале мадицинска грижа во претходните три години. 1824 учесници биле набљудувани во период од 20 години. Еден недостаток на студијата е што истата била непропорционална, 63 проценти биле мажи. Малку над 69 проценти од оние кои не пиеле акохол умреле во периодот од 20 години, 60 проценти од оние кои конзумирале големи количини и само 41 процент од оние кои умерено уживале во алкохолот умреле во истиот период.

Иако пиењето големи количини алкохол го зголемува ризикот од цироза и неколку типови на рак (особено рак на устата и грлото), оние кои претеруваат со пиење имаат помал ризик за умирање од оние кои воопшто не пијат, дури и ако никогаш немале проблем со алкохолот. Една важна причина е што алкохолот е клучен дел од многу социјални интеракции, а тие се важни за менталното и физичкото здравје.

Авторите на оваа студија сепак потенцираат дека иако пиењето се поврзува со подолг живот, сепак може да биде опасно: може сериозно да ви ја оштети меморијата и да придонесе кон падови и несреќи кои можат да ви го искомплицираат животот. И никако не смее да се занемари опасноста од создавање на зависност. [Why Do Heavy Drinkers Outlive Nondrinkers?]

- Реклама -