Запознајте ја втората половина од групата супер-луѓе со неверојатни способности кои ги оставаат научниците без зборови.
Запознајте ја втората половина од групата супер-луѓе со неверојатни способности кои ги оставаат научниците без зборови.
5.Човекот што може да изеде авион
Michel Lotito може да јаде метал,стакло дури и токсични,отровни материи без од тоа да го заболи стомакот. Неговиот супер-желудник е двапати подебел отколку кај нормален човек, редок случај кој и за научниците е необјаснива мистерија. Неговата кариера започнала кога тој имал девет години и кога изел цел телевизор,а денес Lotito е познат по својата способност во светот која за да ја демонстрира има изедено велосипеди, дури и мртовечки ковчег (без тело внатре се разбира), тој дури влезе и во гинисовата книга на рекорди кога изеде еден цел авион! Се разбира не одеднаш, за тоа му беа потребни две години, јадејќи по еден килограм од авионот дневно. Неодамнешни ренгентски снимки покажаа дека оттогаш Lotito сеуште има парчиња метал во стомакот. По се изгледа еден цел авион е голем залак и за Michel Lotito.
6. Супер слух
Ben Underwood може да „гледа“ со помош на сетилото за слух – појава позната како ехолокација. Човечката ехолокација не е нешто ново и непознато, постои и организација наречена World Access каде слепите луѓе ги учат како да ја користат оваа способност. Но ретки се луѓето кои ја развиле таа способност до таа мера како Ben Underwood. Тој е слеп од својата втора година и научил како да ги детектира нештата околу него така што прави звуци со својот јазик. Толку ја усовршил ехолокацијата што тој и покрај својот хендикеп може да игра фудбал,кошарка, па дури и видео игри!
7. Супер бебе
Некаде во Германија живее бебето Супермен. Уште од самото раѓање докторите забележале дека ова бебе има необично развиени мускули. Неговиот идентитет не и е познат на јавноста,но се знае дека на сегашната четиригодишна возраст тоа може да крене товар шестпати поголем одошто можат неговите врсници (тогаш можете да замислите колава ќе биде неговата сила кога ќе порасне). DNA тестирањето покажало дека тоа се должи на генетска мутација што го стимулира растењето на мускулите и предизвикува огромна физичка сила кај животните. Ова е единствен таков случај познат досега таа да се појави кај човекот. [ A Very Muscular Baby Offers Hope Against Diseases ]
Првиот дел тука .