Луѓе кои станале именки

именкиПред да има силуети, имало Силует, пред да има бојкоти, имало Бојкот. Постојат многу интернационализми кои пред да станат именки, биле имиња на луѓе. Ова се неколку луѓе чии имиња останале запаметени, некогаш по добро, некогаш по лошо.

Пред да има силуети, имало Силует, пред да има бојкоти, имало Бојкот. Постојат многу интернационализми кои пред да станат именки, биле имиња на луѓе. Ова се неколку луѓе чии имиња останале запаметени, некогаш по добро, некогаш по лошо.

именкиЧарлс Канингем Бојкот

Чарлс Бојкот бил капетан во англиската армија, а подоцна станал омразен надзорник на земјата на Лорд Ерне во околијата Мајо во Ирска. Таму, откако Чарлс се обидел насилно да исели 11 кираџии, Чарлс Парнел го убедил населението наместо насилство, едноставно да не соработува со луѓе како Бојкот. Од тогаш, „Бојкот“ значи одбивање на соработка поради политички причини.

именкиХенри Шрапнел

Англискиот артилериски офицер Хенри Шрапнел го позајмил своето презиме на смртоносните парчиња од гранати, бомби и мини, откако ја измислил првата противпешадиска шрапнел граната.

именкиВидкун Квислинг

Видкун Квислинг ја предал Норвешка на Нацистите, по што бил назначен за лидер на норвешката колаборационистичка влада. Квислинг бил осуден на смрт од норвешкото судство по војната и егзекутиран од стрелачки вод. Поради неговите постапки, зборот квислинг станал синоним за предавник.

именкиРоберт Пил

Британскиот секретар за внатрешни работи, Роберт Пил, ги позајмил и името и презимето како прекари за полицајци. „Боби“, како помалку познатиот „Пилер“ станале синоними за полицаец во Британија откако Пил ја основал првата формална полиција во историјата.

именкиЕрлот од Сендвич

Џон Монтагу, четвртиот ерл од Сендвич, бил влијателна политичка и воена фигура во Британија во осумнаесеттиот век. Според една легенда, Џон Монтагу побарал од неговиот слуга да му направи јадење кое ќе може да го конзумира без да престане со работење. Неговиот слуга ставил парче печено месо помеѓу две парчиња леб и така настанал сендвичот.

именкиЖозеф-Игнас Гилотин

Иако францускиот доктор Жозеф Гилотин често се спомнува како човекот кој ја измислил гилотината, тој само предложил дека брзо сечење на главата е похуман начин да се задоволи желбата на народот за јавни егзекуции. Неговото семејство било толку засрамено кога машината била именувана по нив, што го промениле своето презиме. Друг мит вели дека Гилотин бил убиен со гилотина, но и тоа не е точно. Тој умрел од природна смрт на 75 години.

07_dieselРудолф Дизел

Ова е едноставно за објаснување, германскиот инженер од француско потекло го измислил дизел моторот на крајот на деветнаесетиот век.

именкиЕтиен Силует

Францускиот министер за финансии Етиен Силует не бил популарен во Франција во осумнаесеттиот век. Кога се дознало дека наместо да плаќа за скапи портрети тој нарачувал само ефтини портрети исечени од црна хартија, тие портрети го добиле неговото име.

именкиЏејмс Ват

Шкотскиот пронајдувач, познат по тоа што го подобрил парниот мотор, по неговата смрт ја добил честа стандардната единица за промена на енергија да биде именувана по него.

именкиИсак Њутн

Стандардната единица за сила е именувана во чест на британскиот математичар, научник и гениј.

11_brailleЛуи Брај

Французинот Луи Брај создал азбука за слепите луѓе како него да можат да читаат. Соодветно, азбуката е именувана по него.

- Реклама -