Соочени со голем избор на лубеници кои ветуваат вкусен сок кој ќе ве разлади како да знаете која е совршената лубеница?
What About Watermelon, вебсајт посветен само на ова летно овошје вели дека треба да го избегнете тропањето по кората и едноставно да го погледнете дното. Чукањето на кората можеби работи за некои луѓе но премногу е субјективно и нема согласност за „точниот“ звук на лубеницата.
Наместо тоа би требало да барате лубеници кои се симетрични, немаат вдлабнатини, се тешки за нивната големина и имаат кремасто жолта дамка на дното: „Превртете ја лубеницата и проверете го дното кое би требало да има кремаста жолта дамка. Ова е местото каде што лубеницата лежела на земја додека го прибирала сончевите зраци.“
„Ако ова место е бело или зеленкасто тогаш таа лубеница најверојатно била одбрана премногу рано и не е толку зрела како што би требало да биде.“