ЛШ: Извлечени осминафиналните двојки, ПСЖ против Манчестер јунајтед

Нион, 13 декември 2021 (МИА) – Во седиштето на УЕФА во Нион попладнево со жрепка беа извлечени паровите од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Жрепката одлучи актуелниот шампион Челзи да ја продолжи одбраната на титулата против Лил, додека во втората француско – англиска пресметка ќе се сретнат ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Реал Мадрид за противник ја доби Бенфика, додека Баерн Минхен ќе игра против Атлетико Мадрид:

Лига на шампиони, осминафинале:

• Бенфика – Реал Мадрид
• Виљареал – Манчестер сити
• Атлетико Мадрид – Баерн Минхен
• Салцбург – Ливерпул
• Интер – Ајакс
• Спортинг – Јувентус
• Лил – Челзи
• ПСЖ – Манчестер јунајтед

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

Првите средби ќе се играат на 15/16/22/23 февруари, додека пак реваншите се на програмата 8/9/15/16 март.

- Реклама -