Еден од најпрепознатливите спортски автомобили – Lotus Elise, е веќе доста години е на пазарот и неговиот творец веќе работи на наследник. Изгледа работата ќе биде завршена до крајот на деценијата, односно новиот Elise ќе се појави на пазарот во 2020 година.
Според зборовите на луѓе од фирмата нé очекува „вистински претставник на серијата“, а во фокусот повторно ќе биде малата тежина и компактните димензии на автомобилот. Се зборува за тежина од само 900 килограми, што ќе се постигне со користење на јаглеродни влакна и лесни композитни материјали. Најверојатно дизајнот ќе биде под влијание на концептот Elise, кој го видовме пред цели шест години. Иако мина доста време од своето деби во Париз, студијата сé уште изгледа актуелна.