Lotus Elise Cup 250 – екстремна играчка!

Lotus ги понуди првите детали за најбрзата верзија на моделот Elise – Elise Cup 250, која ќе биде достапна за клиентите од април оваа година.

popup_436_Lotus-1000-1[1]

Во споредба со стандардната верзија на моделот, суперспортскиот Lotus Elise Cup 250 е „послаб“ за 21 килограм и е помоќен за 26 коњски сили. Со вкупна тежина од само 931 килограм, возилото е во состојба да забрза од 0 до 100 km/h за скромни 4,3 секунди и да развие максимална брзина на движење од речиси 250 km/h. Со овие параметри, автомобилот се претвора во најбрзата модификација на Elise, која има право слободно да се движи по патиштата.

popup_587_Lotus-1000-2[1]

Lotus Elise Cup 250 се нуди за првпат во верзија родстер, а од страна на компанијата се предвидени можност за нарачка на тврд покрив. Како дополнителна опрема се нуди исто така и Carbon Aero пакет, кој ја намалува тежината за уште 10 килограми, до 921. Elise Cup 250 е опремен со 1.8 литарски четири мотор кој генерира максимална моќност од 243 коњски сили и максимален вртежен момент од 250 Nm.

popup_488_Lotus-1000-3[1]

Во Велика Британија, новиот модел ќе се нуди по цена од 45.600 фунти, а во останатиот дел од Европа за  63.000 евра.

Автоплус

- Реклама -