Лос Анџелес 2014: Шевролет го претвори Колорадо во Офроуд ѕверка

На салонот во Лос Анџелес Chevrolet ја претставува концептната верзија на пикапот Colorado. ZR2 изгледа навистина импресивно и подготвен да „нападне“ секакви офроуд терени.

Предниот и задниот дел на каросеријата на серискиот модел се изменети така што аголот на влез и излез е зголемен. Клиренсот пораснал за 5 сантиметри, а широчината за цели 10 см. Напред има извонредна спојка со кука, амортизацијата е од King, тркалата се 18-инчни, а гумите се со големина 275/65. Во товарниот простор има и резервна гума.

Под хаубата на извонредниот пикап Colorado ZR2 е монтиран новиот 2,8-литарски дизел од семејството Duramax. Максималната моќност од 183 КЅ е во комбинација со вртежен момент од 500 Nm. Агрегат е во спрега со автоматски менувач.


- Реклама -