Локации на Месечината во опасност од туристи

МесечинаЗамислете како би било ако историските отпечатоци од „џиновскиот скок за човештвото“ на Нил Армстронг на Месечината да бидат уништени од стотици туристи… или месечевиот ровер да биде уништен зашто некој сакал да се повози. Од NASA ги замислиле двете сценарија – и создале „не допирај“ упатства за идните посетители на Месечината.

Тие опфаќаат зони над кои е забрането летање, над првото и последното место на слетување, како и гледај но не допирај упатства за секој што ќе им се приближи на артефактите оставени на Месечината од 12те астронаути на NASA кои оделе по површината на Месечината. Иако шансите за месечв туризам е сè уште далечна идеја, NASA била поттикната за создавање на овие директиви од дваесетината тимови кои се натпреваруваат за Google Lunar X Prize. Наградата е атрактивни 30 милиони долари за „првиот приватно финансиран тим кој безбедно ќе слета робот на површината на Месечината“.
Роберт Келсо од NASA изјавил: „Можеме да прифатиме мали роботи да пристапуваат на локациите, само не сакаме истите да бидат уништени.“ Додека имало мали шанси за приватно финансирани мисии до Месечината, никој не размислувал за конзервација на шестте локации на слетување на Аполо мисиите. Господин Келсо изјавил: „Навистина не постои преседан за ова. Побаравме идеи од NASA за оваа презервација, и навистина немавме идеи. Сакаме да ги заштитиме сите локации на Месечината, но местото на слетување на Аполо има посебна културна и историска важност. Тие се клучни локации од историјата на Студената Војна.“

Покрај локациите од Аполо, NASA го има слетано и леталото Surveyor, додека Советскиот Сојуз ја слетал сондата Луна со помош на телеоперирани летала. Господин Келсо посочил и на фактот дека Аполо 12 ја прекрил локацијата на Surveyor 3 со прав иако слетал на одалеченост од околу 150 метри. Помислата дека локацијата на Аполо мисиите би можела да биде оштетена на сличен начин од комерцијални летала е вознемирувачка за експертите на NASA и вселенските историчари. Уште еден проблем е кражба, од која страдаат историски и археолошки локалитети уште од времето на пирамидите.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Историчарите прдупредуваат дека Аполо локациите би можеле да се соочат со истата судбина како и колибата на Јужниот Пол од 1911 година изградена од истражувачот Роберт Фалкон Скот која била ограбена во 1956. Упатствата на NASA наведуваат создавање на зона на забранети летови од 4,8 километри квадратни околу местата на слетување на Аполо 11 и Аполо 17. Посетителите на Месечината ќе мора да застанат на околу 80 метри од местото каде што на 20 јули 1969 година слета Аполо 11 и Нил Армстронг првпат стапна на Месечината.

Други локации имаат специфични упатства за артефактите кои се останати таму. На пример, Аполо 17 е најголемата локација бидејќи астронаутите го имале и Лунарниот Ровер за покривање поголеми растојанија. „Роверот“ е една од направите кои останале на површината на Месечината – како и неколку научни експерименти и Hasselblad камери. Од 1969 до 1972 година, NASA испратила 6· мисии со екипаж на Месчината. Аполо 13 морала да го откаже слетувањето откако експлозија ја ставила целата мисија во опасност, а мисиите планирани по Аполо 17 биле откажани.

Упатствата не се само наменети за љубопитните туристи, туку и за презервација на локациите за истражувачи да можат да ги проучуваат артефактите и да анализираат како предмети создадени од луѓето поминуваат на Месечината. Всушност, месечевата археологија на локациите на Аполо веќе започнала. Lunar Reconnaissance Orbiter на NASA веќе ги прелетувал локациите во 2009 година и повторно овој септември. LRO направил детални фотографии од локациите, вклучувајќи и видливи траги од Лунарниот Ровер. [Moon tourists given guidelines by NASA in bid to preserve Apollo landing sites]

- Реклама -