LG ги употреби своите монитори да исплаши неколку луѓе (видео)

Нема ништо подобро од добра практична шега, а дали има подобра шега од мамење на невини луѓе дека нивниот живот набрзо ќе запре?

Токму тоа и го направиле од LG во оваа реклама во која тие употребиле IPS монитори за да ги измамат луѓето – иако накусо – дека подот на лифтот паѓа под нивните нозе. Може да се претпостави дека овие луѓе случајно влегле во лифтот, но сепак е реклама па слободно можете да бидете скептични.

{youtube}NeXMxuNNlE8{/youtube}

Сеедно, без оглед дали ова е доказ за живите бои на IPS мониторите на LG, сепак се работи за добар трик и секогаш е забавно да се види како луѓето скокаат кон аглите на лифтот во обид да се спасат. Сепак, малку адреналин и не е лоша работа.

- Реклама -