LG Electronics освои 15 престижни награди за иновации на CES 2010

00327_ces-2010Асоцијацијата за електроника за потрошувачка (CEA), организатор на Саемот на електроника за потрошувачка (CES), одржан на почетокот на јануари во Лас Вегас, САД, ѝ оддаде признание на компанијата LG за одличност во дизајнот и во технологијата, доделувајќи ѝ 15 престижни награди „2010 International CES® Innovations Awards“, вклучувајќи ја и наградата „Best of“ за најдобар во категоријата онлајн аудио/видео содржина.

Одличност во дизајнот и во иновациите препознаена во девет категории.

Компанијата го заслужи одликувањето „Best of Innovations“ за онлајн аудио/видео содржина.

00327_ces-2010Скопје, 4 Февруари 2010 година – Асоцијацијата за електроника за потрошувачка (CEA), организатор на Саемот на електроника за потрошувачка (CES), одржан на почетокот на јануари во Лас Вегас, САД, ѝ оддаде признание на компанијата LG за одличност во дизајнот и во технологијата, доделувајќи ѝ 15 престижни награди „2010 International CES® Innovations Awards“, вклучувајќи ја и наградата „Best of“ за најдобар во категоријата онлајн аудио/видео содржина.  

Мобилни телефони, домашни апарати, деловни  решенија и домашна електроника  на LG се наградени со признанија во девет висококонкурентни категории: еко-дизајн и одржлива технологија, видеодисплеи, онлајн аудио/видеосодржина, видеокомпоненти, аудиокомпоненти, домашно вмрежување, аудио со високи перформанси, домашни апарати и безжични апарати.
„Повеќе од 100 добиени награди ‘CES Innovations Awards’ за само седум години потврдуваат дека LG е лидер во иновациите, високиот перформанс и во дизајнот“, изјави Питер Рајнер, висок претставник за маркетинг на LG Electronics USA. „Ова признание на индустријата ја одразува нашата посветеност да им понудиме на корисниците нешто подобро, комбинирајќи интелигентни карактеристики и интуитивна функционалност со елегантен и модерен дизајн“.  

Лауреатите  на LG за награди за 2010 година вклучуваат LCD, LED LCD и плазма HD телевизори, мрежни Blu-ray диск-плеери и домашни кино-системи, мобилни телефони, домашни апарати и поврзувачки екстерни мемории. Иновациите што жирито посебно ги издвои го вклучуваат системот за Интернет-видеосодржини „NetCast Entertainment Access™“ на LG и LCD беклајт технологијата „Full LED Slim“ на LG.    

Наградите за иновации на CES се доделуваат на годишно ниво од страна на панел на еминентни дизајнери од индустријата, инженери и новинари, кои ги оценуваат кандидираните производи врз основа на критериуми, како што се корисничка вредност, естетика, иновативен дизајн, квалитет и придонес кон квалитетот на живот. Признанијата за иновации на CES, спонзорирани од Асоцијацијата за електроника за потрошувачка (CEA) и поддржани од Друштвото на индустриски дизајнери на Америка, ги истакнуваат унапредувањата во технолошкото проектирање и во инженерингот на производите.

Добитници на наградата „2010 International CES“ од LG се:

Еко-дизајн и одржлива технологија

• 47-инчна класа* LG INFINIA LE8500 Full LED Slim LCD HDTV (47LE8500)  

Видеодисплеи

• 47-инчна класа* LG INFINIA LE8500 Full LED Slim LCD HDTV (47LE8500)

• 47-инчна класа* LG INFINIA Full LED Slim LCD HDTV (47LE9500)  
Онлајн  аудио/видеосодржина

• 47-инчна класа* LG INFINIA Full LED Slim LCD HDTV (47LE9500)

• 47-инчна класа* LG INFINIA Wireless-ready LED Plus LCD HDTV (47LE7500)

• Wi-Fi Network Blu-ray диск-плеер со медиумска библиотека (BD590)  

Видеокомпоненти

• 60-инчна класа* плазма HDTV (60PK550) со тенка рамка

• Wi-Fi Network Blu-ray диск-плеер со медиумска библиотека (BD590)  

Аудиокомпоненти

• Blu-ray домашно кино (LHB335)  

Домашно вмрежување

• Wireless Network Blu-ray диск-плеер (BD570)

• Network Attached Storage (N2B1)  

Аудио со високи перформанси

• Wireless Home Theater систем (HB994PK)  

Домашни апарати

• Вертикална правосмукалка без кеса – Bag-less Vacuum Cleaner (VF7911CW)

• Фрижидер со четири врати со замрзнувач во долниот дел – Bottom Freezer Refrigerator (LMX28994ST)  
Мобилни телефони

• LG eXpo (GW 820)  

За повеќе информации и за фотографии на производите посетете го онлајн прес-центарот

LG USA на веб-страницата www.lgusa.com/cespressroom.

Повеќе  за LG Electronics, Inc.

LG Electronics, Inc. е глобален лидер и технолошки иноватор во електрониката за потрошувачка, домашните апарати и во мобилните комуникации. Вработува повеќе од 84 илјади лица, кои работат во над 115 оперативни центри, вклучувајќи и 84 претставништва низ светот. LGE е составена од пет работни единици – Home Entertainment (домашна забава), Home Appliances (домашни апарати), Air Conditioning (уреди за климатизација), Business Solutions (деловни решенија) и Mobile Communications (мобилни комуникации), со кои во 2008 година оствари вкупна продажба од 44,7 милијарди американски долари. LG Electronics е еден од водечките светски производители на флет панел-телевизори, аудио и видеоуреди, мобилни телефони, разладни уреди и машини за перење. LG потпиша долгорочна спогодба за партнерство и стана глобален и технолошки партнер на Formula 1™, со што се здоби со ексклузивни права во оваа асоцијација. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.lge.com.

- Реклама -