Лежечки полицајци за пешаци

Кинеските туристи се „присилени“ да забават додека поминуваат покрај историските знаменитости, откако властите одлучија дека не ги ценеле доволно и само пролетувале крај нив.

Лежечките полицајци се поставени долж улицата во Taizerhuang – градот во кој пред скоро 80 години се одиграла големата битка за време на Втората кинеско-јапонска војна. Поставени се повеќе од 50 лежечки полицајци, кои дополнително се упадливи поради својата црно-жолта шара.

Друштвените мрежи се преплавени со слики на кои се гледаат Кинези кои сега и тоа како внимателно и значително побавно чекорат, како што намеруваа властите.

Нормално, коментарите се дека ова е потполна глупост. Како прво, очигледно постојат мали стази отстрана, така што ваш е изборот дали ќе бидете „приморани“ да чекорите побавно. Второ, туристите дури сега нема да обраќаат внимание на знаменитостите, бидејќи ќе бидат зафатени со пазење да не сопнат додека ги прескокнуваат лежечките полицајци.

Прочитајте и:  Кина по зеленото светло за Украина за напади во Русија: Најитно е да се поттикне деескалација што е можно побрзо

Така што, баш и не ни се верува дека причината е погоре наведеното, како што известија медиумите. Од друга страна, не ни текнува ниту една паметна причина за вакво нешто.

- Реклама -