Левица: Одењето по невеста е причина повеќе ДПМНЕ да ја изгласа интерпелацијата за Гаши

Скандал се случи викендов кога претседателот на Собранието, Африм Гаши, со службено возило и државно обезбедување одел на свадба во Косово и Метохија, а за сопствените приватни потреби го блокирал целиот граничен премин.

Функционерските привилегии се стимулатор на расипничко однесување на функционерите, без разлика дали се избрани или именувани. Нивната секојдневна злоупотреба беше извор на проблеми во претходната Влада, но истото продолжуваат да го прават и функционерите од новиот владин состав.

Дивеењето на коалицискиот партнер на Мицкоски и ДПМНЕ е евидентно уште од конститутивната седница! За збеснатиот Гаши, Левица веќе поднесе интерпелација во Собранието по седум точки и истата чекаме да биде ставена на дневен ред. Бланко – поддршката за избор на претседател на Собранието од редовите на ДПМНЕ останува.

Потсетуваме и дека пред само неколку недели, обезбедувањето на Гаши впери пиштол во полициски службеник на скопскиот аеродром.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на когенеративната централа значително ќе го намали загадувањето на воздухот и ќе обезбеди здрава животна средина

Нагласуваме дека Левица е единствената политичка партија која во својата програма и платформа се залага за УКИНУВАЊЕ НА ПРИВИЛЕГИИТЕ за функционерите! По однос на злоупотребата на службените возила, мерките кои ги предлагаме се:

– Укинување на привилегиите, ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ и апанажите на избрани и именувани функционери, во сите нивоа на власта;

– Воведување специјални ЦРВЕНИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ за службените возила на државните органи, општините и јавните претпријатија;

– Воведување на задолжителни ,,GPS – ЛОКАТОРИ”, со цел мониторинг на тоа кој  каде и за што ги вози службените возила;

– Ограничување на бројот на службени возила на министерствата на максимум 3-5 автомобили и воведување лимит од максимум цена на возило.

Само со укинување на функционерските привилегии ќе се спречи нивна злоупотреба! Луксузирањето на политичарите на сметка на граѓаните не смее да биде пракса.

ПП Левица

- Реклама -