Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски е убден дека ова лето ќе направи трансфер во клубот од соништата.
Репрезентативецот на Полска е обврзан кон ’Милионерите’ до 30. јуни 2014 и веќе ја извести управата на клубот дека нема намера да стави потпис на нов договор.
Од таборот на Борусија Дортмунд нагласија дека не им се потребни парите од продажбата на напаѓачот и изјавија дека постои можност да го задржат играчот до крајот на неговиот договор.
Се верува дека Баерн Минхен веќе се има договорено со Роберт Левандовски, ’Баварците’ се посочуваат како фаворит за потписот на Полјкакот, кој исто така е трансфер желба и на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Во разговор со Sport Bild, Левандовски вели дека неговата цел е да искуси нов предизвик, и очекува летоска да замине од Сигнал Идуна Парк.
„Очекувам се да се разјасни во скоро време и да ми биде дозволен трансфер во клубот од моите соништа“ – рече напаѓачот.
„Тоа ќе биде најдобро за сите инволвирани страни“.
„Борусија Дортмунд е фантастичен клуб, ’Милионерите’ секогаш ќе бидат дел од моето срце, но сакам да искусам нов предизвик во иднина“.
Текстот е објавен во сорабвотка со 24Фудбал