Агентот на Роберт Левандовски потврди дека неговиот агент наскоро ќе потпише за Баерн Минхен.
Се очекува Левандовски да биде вториот фудбалер кој по завршувањето на оваа сезона ќе се пресели во Баерн Минхен откако претходно беше потврден трансферот на Марио Геце.
Запрашан за полската телевизја TVN24, дали Левандовски се сели во Минхен, агентот Цезари Кучарски кратко одговори: „Да”.
Преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза и се очекува наскоро и официјално да бидат објавени детали.
По завршувањето на финалето од Лигата на Шампионите и тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес потврди дека Левандовски следната сезона ќе го облече дресот на Баерн Минхен.
Левандовски оваа сезона беше втор стрелец во Бундеслигата со 24 гола на 31 натпревар.
Особено внимание на фудбалскиот свет привлече со четирите погодоци на Реал Мадрид во победата од 4-1 во полуфиналето од Лигата на Шампионите.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал