Желбата на луѓето да летаат како птиците е честа. Сепак, ретко кој се
обидува да полета надвор од соништата. Џеб Корлис сака да биде првиот
човек кој ќе скокне од хеликоптер и ќе слета на копно без притоа да
употреби параглајдер. Наместо тоа ќе биде облечен во специјален костум
со крилја.
Желбата на луѓето да летаат како птиците е честа. Сепак, ретко кој се обидува да полета надвор од соништата. Џеб Корлис сака да биде првиот човек кој ќе скокне од хеликоптер и ќе слета на копно без притоа да употреби параглајдер. Наместо тоа ќе биде облечен во специјален костум со крилја.
Модерниот дизајн на костумот се карактеризира со цврсто проткаен најлонски материјал кој се спојува помеѓу нозете како и помеѓу рацете и торзото на тој начин формирајќи крилја кои се исполнуваат со воздух и го подигаат телото. Тоа му овозможува прави движења и авионски маневрирања на телото за време на забавеното слетување. Костумот чини 1000 долари.
Корлис нема да носи ништо друго освен костумот со крилја. Тој планира да слета на специјално дизајнираната писта која самиот ја подготвува. Ќе ја позајми од основачите на Нордискиот ски-џампинг што пак ќе чини 2 милиони долари. Неговиот прв обид од вкупно трите кои треба да се остварат во текот на подготовките за големото слетување, ќе се случи оваа пролет.