Лековитите својства на артичоката

artichoke-with-choke-removed

За што се употребува артичоката?

Артичоката се користи во ситуации на нарушено варење на храната, подуеност, застој на жолчката, зголемено ниво на маснотии во крвта, како благ диуретик, а влијае и врз намалувањето на количеството на уреа во крвта. Се користи како лек за црниот дроб, го стимулира лачењето и производството на жолчка, го регилира варењето на храната и го намалува чувството на подуеност, мачнина во стомакот.

Како делува артичоката?

Внесот на артичока може да влијае врз намалувањето на стомачните болки и чувството на подуеност. Ефектите од артичоката се забележуваат 2-8 недели по првиот внес. Артичоката влијае врз намалувањето на вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот (лошиот холестерол), како и на односот ЛДЛ:ХДЛ (лош – добар холестерол).

Што велат научните истражувања?

Артичоката делува врз ослободувањето на жолчката од жолчното ќесе и  на тој начин го регулира варењето  и појавата на болки во стомакот и подуеност. Според некои истражувања, артичоката може да има и заштитно дејство врз клетките на црниот дроб.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Како се внесува?

Кај случаи со нарушено варење на храната, се зема 320 – 640мг екстракт од листот на артичоката, 3 пати дневно. Оние кои имаат зголемено ниво на маснотии во крвта внесуваат околу 1800мг на ден, поделено во неколку дози.

artichokes_bkgrd

Во кои случаи не смее да се користи?

Не се препорачува кај доилките к ои имаат нарушувања на црниот дроб и бубрезите. Артичоката го стимулира протокот на жолчката, па може да доведе до раздвижување на постоечкиот камен во жолчката. Поради тоа, не се препорачува кај оние кои имаат опструкција на жолчните патишта, песок или камен во жолчката.

Кои несакани дејства може да се јават при употреба на артичока?

Артичоката може да предизвика алергија, посебно кај лицата кои се алергични на камилица, невен, ехинацеа …

Со кои лекови не смее да се комбинира артичоката?

Не се познати вакви интеракции.

Исто така, артичоката може да биде и прекрасен декор во вашиот двор.

artichaud rvb

 

- Реклама -