Лекарствата треба да се пијат исклучиво со вода

Честопати ни се случува да пиеме лекови со сок, чај, кафе или некои други пијалаци, мислејќи дека тоа не претставува никаков проблем. Но, дали е навистина така?

Лековите се земаат исклучиво со вода. Сокот од јаболко, вишна, цреша или било кој друг сок, можат да бидат добар извор на витамини, но не се добри придружници на лековите. Зошто? Според бројни истражувања, вклучувајќи го и последното, научниците заклучиле дека соковите имаат моќ да го намалат апсорбирањето на голем број материи кои се наоѓаат во лековите.

Не само што можат да ја намалат апсорптивната моќ туку можат и да ја оневозможат за некои материи кои се наоѓаат во одредени лекови. На пример, голема грешка е доколку се зема одредена терапија со сок од грејпфрут, особено со терапија која се употребува за срцето и кардиоваскуларниот систем – категорично тврдат научниците.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Научниците потенцираат дека особено соковите од грејпфрут, јаболко и портокал, содржат елементи кои можат да ја попречат апсорпцијата на многу хемиски елементи кои се составен дел на таблетката. Тезата за избегнување на земање на лекови со сок постои уште пред две децении, но во последните години е и научно докажана.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -