Лек против глупави луѓе

Создадоа лек против глупавост.
Германски научници од Институтот за молекуларна генетика создадоа револуционерен лек.

Препаратот е наменет да им пркоси на различен род болести што го поразуваат мозокот на човекот и предизвикуваат малоумност. Како што пишуваат експертите, „ова е првиот лек во светот против човечка глупост“.

Авторот на истражувањето проф. Ханс-Хилгер Роперс тврди дека новото средство ја потиснува хиперактивноста во одредени делови на нервните клетки, ја стабилизира работата на главниот мозок, што се изразува со подобрување на когнитивните способности, концентрацијата и размислувањето.

Како што тврдат медицинските лица, препаратот е способен да се бори со цела низа на мозочни заболувања.

Во моментов, експерименталното средство поминува тестови врз глувци.

„Во експериментите со глувци успеавме да ја отстраниме загубата на краткорочна меморија”, нагласува Роперс. Според научникот не е далеку денот кога лекот ќе може да се применува и врз луѓе.

Истражувачите се надеваат дека средството ќе помогне во борбата против Алцхајмеровата болест, која со притискање на краткотрајната меморија води до малоумност. Германските лекари мислат дека откритието ќе стане вистинска револуција во областа на науката, бидејќи од Алцхајмерова болест страдаат милиони мажи и жени на различна возраст.

- Реклама -