Лефков: Тоа што СДС губи на анкети 5:1 не е оправдување за да ги вреѓаат граѓаните со зборот „будали”, веднаш да се извинат

Очигледна е нервозата во Социјалдемократскиот сојуз по објавените анкети дека се 5 пати послаби од ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не е и не може да биде оправдување за вреѓањето на граѓаните со зборови како „будали”.

СДС мора да сфати дека партиите постојат заради граѓаните, а не граѓаните заради партиите. Затоа кога народот казнува и кажува дека не му се допаѓа некоја политичка партија, истата не треба да го навредува, туку да се поправи.

Најмалку што можат од СДС да направат е да смогнат сили и да се извинат.

Срамота е до кое дереџе ја донесе Филипче партијата која некогаш важеше за главен политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е истата реторика на Стево Пендаровски кој го нарекуваше народот стока. Истиот заврши во политичка пензија.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Топло им порачуваме на СДС за лошите резултати на анкетите, вината да си ја бараат во криминалните структури во партијата, а не кај народот.

Ги повикуваме сите чинители во државата, граѓански организации и политички партии да го осудат односот на Социјалдемократскиот сојуз кон граѓаните. Вреѓањето на народот не смее да стане политички дискурс.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -