Ле Мер: Не треба да им се дозволи на САД да доминираат на глобалниот енергетски пазар, додека Европа ги трпи последиците

Париз, 11 октомври 2022 (МИА) – Не треба да им се дозволи на САД да доминираат на глобалниот енергетски пазар додека ЕУ ги трпи последиците од конфликтот во Украина, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

„Конфликтот во Украина не смее да заврши со американска економска доминација и слабеење на ЕУ“, нагласи тој во францускиот Парламент.

Ле Мер оцени дека е неприфатливо Вашингтон да го „продава својот течен гас по четирипати повисока цена од таа што им е одредена на американските индустријалци“, додавајќи дека „економското слабеење на Европа не е во ничиј интерес“.

„Мораме да постигнеме побалансирани економски односи во однос на енергијата меѓу американските партнери и европскиот континент“, рече тој.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

Пред конфликтот во Украина, Русија беше најголемиот снабдувач на гас во ЕУ, со удел од околу 45 отсто од вкупниот увоз на гас во блокот. Сепак, поради санкциите воведени кон Москва по нападот на Украина, испораките на руски гас во ЕУ значително се намалија, објави Политико.

- Реклама -