Лазаров: Луксембург не е наивен противник и очекувам да бидеме на висина на задачата

Селекторот на ракометната репрезентација на Кирил Лазаров, го најави почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2028 година, каде прв противник ќе биде селекцијата на Луксембург.

1
Илустрација: Лазаров: Луксембург не е наивен противник и очекувам да бидеме на висина на задачата
Илустрација

„Мислам дека веќе имаме големо искуство зад себе. Очекувам да бидеме на висина на задачата, но ќе барам внимателност од момчињата, затоа што Луксембург не е наивна екипа, а од неодамна има и селектор со огромно искуство.

Немаме многу видео-материјали од играта на противинкот, но знаеме дека поседува квалитет и нема да се залажуваме пред почетокот на мечот.

Максимално ќе го искористиме краткиот период за подготовка и очекувам да бидеме прецизни и фокусирани во работата. Особен акцент ќе ставиме на техничко-тактичките замисли, па очекувам да излеземе подготвени на теренот, со голема желба за победа.

Имаме и нов играч во ростерот, тоа е Дмитро Горига. За него кажав и на прес-конференцијата дека се работи за квалитетен ракометар, кој изрази желба да игра за Македонија.

Играше за Вардар, нашата јавност го знае многу добро. Сега е член на ПИК Сегед каде очекувам уште повеќе да напредува. Со него добиваме поширока ротација и конкуренција во составот, па се надевам дека ќе ни биде од корист во мечевите што следат“, изјави Лазаров.

Извори: Нетпрес, МКД.мк