Лавров „призна“: Целта на Русија е да ја собори власта на Зеленски

Киев, 25 јули 2022 година (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека главна цел на Москва е да ја собори власта на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Обраќајќи се пред делегатите на Самитот на Арапската лига во Каиро синоќа Лавров рече дека Москва е решена да им помогне на Украинците „да се ослободат од товарот на апсолутно неприфатливиот режим“.

Лавров ги обвини Киев и „неговите западни сојузници“ дека шират пропаганда со цел да се осигура Украина да „стане вечен непријател на Русија“.

„Рускиот и украинскиот народ ќе продолжат да живеат заедно, ние дефинитивно ќе му помогнеме на украинскиот народ да се ослободи од режимот кој е апсолутно антинароден и антиисториски“, рече шефот на руската дипломатија.

Прочитајте и:  Белорусија испрати дополнителни трупи на границата со Украина
- Реклама -