Сме слушнале за војници кои се жртвувале за своите колеги, но деновиве наидовме на пример каде еден нов пријател примил куршум наместо војник во Ирак.
Сме слушнале за војници кои се жртвувале за своите колеги, но деновиве наидовме на пример каде еден нов пријател примил куршум наместо војник во Ирак.
CF-M34 Toughbook лаптопот кој го гледате на фотографијата има дупка од куршум која покажува колку е цврст, бидејќи примил куршум наместо својот сопственик.
Овој отпорен на куршуми лаптоп од Панасоник е константен придружник на многу војници на американската војска во Ирак. Се проценува дека во 2007 ќе биде достигната побарувачка од $858 милиони на овој пазар, бидејќи потребата од цврсти лаптопи глобално расте.
Нема да не зачуди ако американците направат медиумска фама околу ова и му доделат Purple Heart на овој „цврстоп“ – впрочем го заслужил тоа.