Land Rover најавува поголем Evoque

Британскиот производител на теренци Land Rover подготвува нова верзија на својот бестселер Evoque, која ќе се појави на пазарите во 2016 година. Моделот ќе претставува поголема опција ќе го носи името Evoque XL/Grand Evoque.

За сличен модел се зборуваше уште пред неколку години, но тогашната информации посочуваше дека тој ќе биде подготвен за 2015 година. Една од причините за одложувањето на премиерата е одлуката на производителите да дизајнираат сосема нова платформа.

Предметната платформа е алуминиумска и ќе биде користена и за модели на Jaguar. Таа ќе биде дел од новиот Evoque, а досега се развиваше под тајното име L560, и не само со поголеми димензии, ќе има и помала тежина. А, сето тоа ќе влијае позитивно и на управливоста, па и на потрошувачката на гориво.

596_Land-Rover-470-2

Идниот Evoque XL/Grand Evoque ќе се произведува во новото претпријатие на компанијата во Солихил, заедно со идните компактни модели на Jaguar, конструирани на иста платформа. Моделот ќе се позиционира меѓу сегашните Evoque и Range Rover Sport, а ќе се опреми со бензински и дизел мотори со четири цилиндри. Според аналитичарите од Bernstein Research британската компанија ќе произведува и соодветно продава, по околу 80.000 парчиња од моделот годишно.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -