Land Rover го откри обновениот модел Discovery, непосредно пред тој да биде претставен во Франкфурт.
Ристајлингот со себе донесува модернизирани браници, нови предни фарови и LED светла, новодизајнирани тркала, како и голем натпис Discovery на хаубата, кој го заменува вообичаениот амблем на Land Rover. Под капакот Британците инсталирале оптимизирана верзија на 3.0 литарскиот турбодизел, кој располага со 256 КЅ и 600 Nm. Агрегатот ќе троши во просек 8 l/100 km, а штетните емисии се намалени од 230 g/km на 213 g/km.Четиритe тркала се придвижуваат со помош на 8 -брзински менувач од ZF кој jа забрзува каросерија до 96 km/h за 8.8 секунди. Максималната брзина е точно 180 km/h.
Според податоците на производителот, новата верзија ќе добие системи за активна и пасивна безбедност од последната генерација (технологија за сигнализирање на автомоби кој се наоѓа во мртов агол, активно следење на потезите на возачот, откривање на замор, странични камери за T-обликувани крстосници, како и сензори за откривање на опасна близина на оној автомобил пред вас).
Корисниците ќе можат со доплата да добијат висококвалитетен аудио систем со моќност на звукот од 825 вати, генерирана од 17 звучници.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус