Lamborghini работи на создавање на помоќна и полесна верзија на родстер Aventador, соопшти шефот на италијанскиот производител на спортски автомобили, Стефан Винкелман.
Модификација ќе добие име Aventador LP750-4 Superveloce Roadster и ќе го користи истиот агрегат како купето LP750-4 Superveloce, но ќе биде со променета аеродинамика. За зголемувањето на динамиката ќе помогне и отстранување на дел од опремата.
Lamborghini Aventador LP750-4 Supervelocе е управуван од 6,5-литарски V12 со 750 КЅ. Тоа е за 50 КЅ поголема моќност, а освен тоа вкупната тежина на моделот е намалена за 50 килограми во споредба со стандардната верзија, што овозможува забрзување до стотка за 2,8 секунди (со 0,1 секунди побрзо од базната модификација). Се очекува и родстер Aventador SV да го постигне истиот резултат.
Винкелман додаде дека од новиот родстер ќе бидат произведени само 500 примероци. За споредба купе изведбата на Aventador SV беше пуштено во серија од 600 единици, кои беа продадени за само три месеци по дебито на возилото.