По повод својата 50-годишнината Lamborghini ја претстави и верзијата Roadster на единствениот Veneno.
Од Lamborghini го дефинираат Veneno Roadster, како тркачки прототип со екстремен дизајн и врвно однесување на патот. Од компанијата најавија дека наредната година ќе бидат произведени не повеќе од девет парчиња на моделот, а цената на секој од кои нема да е помала од 3.3 милиони евра. Како што сугерира името на моделот, Lamborghini Veneno Roadster, ќе биде целосно опремена за употреба како за на патеките, така и за на обичните патишта, нема покрив, туку само дополнителна сигурносна тубуларна структура.
Lamborghini Veneno Roadster е опремен со 6,5 литарски дванаесетцилиндерски мотор со максимална моќност од 552 kW или 750 коњски сили. Возилото ветува можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди и максимална брзина од 355 km/h.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус