Италијанската компанија Lamborghini започна со модификација на фабричките капацитети, за да може тие да одговорат на предизвикот за старт на производството на новиот Urus. Како дел од овие променни во погоните во Сан Сант’Агата-Болонезе е направена специјална просторија за прилагодување на звукот на моторите.
„Музичката“ соба, како што е наречена оваа просторија, беше отворена лично од извршниот директор на компанијата, Стефано Доменикали и од шефот на одделот за истражување и развој, Маурицио Реџина. Просторијата ги задоволува сите современи технички стандарди, а ќе им овозможи на инженерите да извлечат од моторите на Lamborghini посебен звук, кој дава уште подобро доживување при возењето на модел од марката. Во собата ќе се „дотеруваат“ атмосферските мотори V10 за Huracan и V12 за Aventador, а и првиот во историјата на марката би-турбо V8 агрегат, со кој ќе биде опремен Urus. Освен тоа, во просторијата ќе се одвива и акустичко поставување на лесните компоненти од конструкцијата на возилата.
Во Lamborghini веќе започнаа со предсериско производство на својот прв теренец, чија премиера ќе се одржи за време на автосалонот во Франкфурт во септември. Со помош на Urus компанијата се надева да ги удвои годишните продажби до 7.000 примероци во 2019 година. Покрај верзија со бензински турбомотор, кросоверот ќе добие и хибриден варијанта во која главна улога ќе одигра истиот V8 агрегат.