Lamborghini откри нов центар за развој на прототипи. Зградата е дизајнирана специјално за таа цел и тоа е првата индустриска лабораторија во Италија од енергетската А класа.
Новиот развоен центар на компанијата е изграден со помош на инженерското студио Prospazio. Тој е направен така што годишна потрошувачка на енергија е под 8 kW/h на кубeн метaр. Тоа е можно благодарение на технолошки решенија од најновата генерација за фасадата која е изградена од специјални трислојни поликарбонат ѕидови, како и од вентилирани покриви со ултрафин керамички слој во, специфична за Lamborghini, црна боја.
Сето тоа обезбедува високо ниво на термоизолација. Зградата располага и со фотонапонски систем кој генерира доволно енергија за да се соочи со годишните потреби од електрична енергија.
На вториот кат е монтирана минијатурна лента за склопување, која може да се регулира така за да се составува кој било модел од гамата произведен во некоја од фабриките на компанијата. Истата линија може да се користи за производство на автомобили во мала серија, како што е случајот на Sesto Elemento. На неа ќе се склопуваат и прототипите кои потоа ќе бидат детално анализирани и проучувани.
Објавено во соработка со Авто Плус.