Lamborghini претставува нов јубилеен Aventador

Lamborghini ќе ја одбележа 50-годишнината со претставување на уште една своја верзија, врз база на Aventador, која ќе носи индексот LP720-4 и додаток 50 Anniversario. Премиерата на машината, која ќе биде понудена во лимитирана серија од 100 примероци, ќе биде лансирана во Шангај.

Ѕверката е опремена со познатиот 6.5 литарски, 12-цилиндерски мотор, а за оваа прилика неговата моќ е зголемена од 700 на 720 КЅ. Менувачот останува 7-степен роботизиран. И покрај зголемената моќ, карактеристиките на автомобилот остануваат како оние на вообичаениот Aventador – забрзување од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди и максимална брзина од 350 km/h.

100_Lamborghini-470-2

Промени има и на каросеријата, а тоа се аеродинамични елементи на предниот и задниот браник. Тие имаат за цел за да се подобри стабилноста на возилото при високи брзини, а воедно и ладењето на моторниот простор.

182_Lamborghini-470-3

Изведбата која ќе ја видиме во Шангај ќе биде обоена со специјално за неа направена боја, која го носи името Giallo Maggio (мајска жолта) во чест на месецот во кој во 1963 година е основана компанијата. Односно во жолто се лансирани повеќето автомобили од Lamborghini во последните 50 години, која на некој начин е и заштитна боја на компанијата.

852_Lamborghini-470-4

Засега нема информации колку точно ќе чини оваа верзија на Aventador. На автосалонот во Женева пред еден месец компанијата покажа друга јубилејна изведба – Veneno која чини над 3 милиони евра.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -