Производителот на ексклузивни спортски автомобили Lamborghini подготвува SV-верзија на својот предводник Aventador. Моделот ќе биде претставен наскоро, а првиот примерок веќе бил дури и нарачан.
Информациите за моделот пристигнуваат од невообичаено место, од тимот Team Salamone од аматерската Gumball. За медиумите тие изјавиле дека го порачале првиот Aventador SV, а посочиле исто така дека екстремната верзија на моделот ќе биде прикажана наскоро. Ако тврдењата на Team Salamone се покажат веродостојни, тогаш во наредните месеци треба да ја видиме несомнено најбрзата и најмоќна фабричка верзија на Aventador. Моделот најверојатно ќе биде создаден по примерот на Murciélago LP670-4 SuperVeloce, а ќе демонстрира агресивен бодикит, дополнителни аеродинамички елементи, голем број на лесни делови и спортски ентериер, опремен само со најнеопходното. Се очекува, исто така, сериозни промени кај суспензијата, сопирачките, трансмисијата и моторот. Претходно оваа година се појави информација која гласеше дека моторот на Aventador SV ќе генерира 800 КЅ.
Стандардната верзија на Lamborghini Aventador – LP700-4, управувана од V12 мотор со зафатнина 6.5 литри генерира енергија од 700 КЅ. Возилото забрзува од до стотка за 2,9 секунди и развива максимални 350 km/h. По повод 50-годишнината на марката Lamborghini производителот пушти на пазарот специјална верзија на Aventador, која располага со моќност од 720 КЅ.