Lamborghini Aventador стана најпродаваниот модел на компанијата во нејзината историја. Од производствените ленти во фабриката во Сант’Агата Болоњезе слезе автомобил од моделот со сериски број 5.000.
Покрај тоа што стана апсолутен рекордер за фирмата, Aventador го надмина и својот претходник – Murcielago. Супер ѕверката беше „пензионирана“ по точно 4.099 произведени примероци. Вредно е да се напомене дека во последниве години Lamborghini пушти доста специјални верзии на Aventador, со што многу се зголеми интересот за моделот. Во скоро време очекуваме и обнова за машината, која се планира да се одржи на пазарот уште неколку години.
Неодамна беше потврдено дека изминатата година била најдобра во историјата на брендот. За 12-те месеци од 2015 година Италијанците успеаја да реализираат 3.245 сосем нови свои автомобили ширум светот. Постигнувањето е доста подобро од тоа во 2014 година, кога се продадоа малку над 2.500 нови возила. Очекувањата се во 2016 година трендот да се задржи, целта е да се помине границата од 3.500 примероци.