Lamborghini Centenario Roadster имаше свое светско деби на големата смотра во Пебл Бич, во Калифорнија.
Италијанската компанија ги создаде верзиите Coupe и Roadster на Centenario, за да ја одбележи 100-годишнината од раѓањето на основачот на брендот, Феручо Ламборгини. Автомобилот е базиран на шасијата на Aventador, а и двете варијанти на моделот се одликуваат со уникатна каросерија, изградена од фиберглас. Автомобилот беше претставен од Стефано Доменикали, поранешниот шеф на тимот на Ferrari во Формула 1, кој сега е на чело на Lamborghini.
Верзијата Roadster ќе се нуди ексклузивно во новата челично сива боја на Lamborghini – Argento Centenario, а задолжително треба да внимава на елементите со мат сјај. Отворената верзија се одликува со некои аеродинамични промени, а новата форма на ветробранското стакло е креирана со цел да се намали турболенцијата во кокпитот. V12 моторот на Centenario Roadster е со моќност од 759 коњски сили, а забрзувањето од 0 до 100 km/h трае само 2,9 секунди, односно за само 0,1 секунди побавно од постигнувањето на полесната хардтоп верзија на возилото.
Серијата Centenario е од 20 автомобили, а сите тие се веќе распродадени, доста пред дебито на специјалниот модел.