Само по неколку недели Lamborghini ќе покаже верзија на својот модел Huracan, со погон само на задните тркала. Возилото ќе дебитира за време на салонот во Лос Анџелес, а догодина не очекува уште една варијанта со заден погонски мост.
Засега техничките детали околу возилото не се многу, но се очекува моќноста на V10 агрегатот на автомобилот да биде малку зголемена, над 610 КЅ. Не е исклучено да видиме и поагресивен боди кит, а и некои промени во суспензијата и системот за сопирање.
Можеби најважниот плус на новата верзија ќе биде намалената тежина, благодарение на недостатокот на елементи од 4х4 системот, што секако ќе придонесе за нијанса подобри перформанси.
Автоплус