„Она што го нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре“, изјави денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Силјановска-Давкова ревносно ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание. Застанува дикретно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ. Толку јасно. Граѓаните гледаат дека Силјановска е реприза на Иванов“, рече Кузеска.
„ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро“, обвини таа, а потврда за тоа, рече, е „катастрофата што се случува во Скопје, но и во општините коишто ги води оваа партија“.
„Не ни е потребна нова катастрофа, на граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде партиски послушник, ќе ја кочи иднината на земјата и ќе бара да се откажеме од подобро утре. Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ“, рече портпаролката на СДСМ, додавајќи дека патот до ЕУ е тежок и долг, но дека тоа е „единствениот начин за суштински позитивни промени“.
Со визија за интегрирана, стабилна и просперитетна Македонија во Европа, Пендаровски е победнички кандидат за најважниот аспект, иднината на државата, на народот. На граѓаните им е потребен европскиот животен стандард европските вредности и европскиот живот дома, и тоа сега, а не за 100 години или никогаш. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски со што ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“, рече Кузеска.