Курти: Никогаш немало потреба од српски војници на Косово, ниту во 20-ти, ниту во 19-ти век

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нема да се дозволи барикадите во северно Косово да останат уште долго и за нивно отстранување властите се во постојан координација со мировната мисија на НАТО, КФОР, која, како што рече, побарала уште малку време, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната церемонија по повод започнувањето на втората фаза од рехабилитацијата на пругата Косово Поле – Митровица, Курти изјави дека министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, е секој ден во Митровица и е во постојхан контакт со Командата на КФОР за отстранување на барикадите кои ги поставија локалните Срби на патиштата кои водат кон границата со Србија.

„КФОР ни побара уште малку време, што значи дека сме во редовна координација и комуникација со нив и нема сомневање дека не ќе можеме да ги толерираме уште долго таквите барикади. Но, не заборавајте дека тоа што во последно време го прават нелегалните структури на Србија претворени во криминални банди е почетокот на нивната последна фаза“, рече Курти, порачувајќи дека „државата никогаш не била повеќе на колосек“.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

За барањето на срспкиот претседател Александар Вучиќ за дозвола за влез на српската војска во сверно Косово, косовскиот премиер рече дека тоа говори повеќе за самите српски власти и дека е потврда дека „тие останале во 19-тиот и 20-тиот век“.

„Тие упатиле барање до КФОР, колку што знам, а нормално дека тоа барање е нереално и повќе говори за нив одошто за нашата земја. Никогаш немало потреба од српски војници во Република Косово, никогаш немало потреба од српски војници ниту во 20-тиот, а ниту пак во 19-тиот век. Сега нивното барање покажува јасно дека тие останале во 19-тиот и 20-тиот век“, рече Курти.

Извор: МИА

- Реклама -