Кулеба: Украина има доволно оружје за победа за влез во НАТО

Украина има доволно оружје за контраофанзива против Русија, што на земјата ќе и донесе победа за влез во НАТО, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Тој оцени дека членството во НАТО „веројатно ќе биде возможно за Украина дури по завршувањето на активните непријателства“.

Според светските агенции, Кулеба не одговорил на прашањето дали долгонајавуваната пролетна контраофанзива на Украина започнала.

МИА

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари
- Реклама -