Кулеба: Снабдувањето на Украина со оружје е најголема логистичка операција од Втората светска војна

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека на денешната средба со претставници на НАТО и на Европската Унија разговарале за набавка и производство на оружје за неговата земја.

„Разговаравме како да набавиме оружје и муниција на ефикасен начин и како да ги доставиме на бојното поле“, рече Кулеба на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, во седиштето на НАТО во Брисел.

Според него, Украина и нејзините партнери од февруари 2022 година „ја водат, веројатно, најголемата логистичка операција од Втората светска војна“.

МИА

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме
- Реклама -