Кулеба: Мариупол повеќе не постои

Киев, 18 април 2022 (МИА) – Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека градот Мариупол „повеќе не постои“ откако беше под опсада на руските сили цели седум недели.

Тој во интервју за Си-Би-Ес рече дека руските војници „одлучиле да го срамнат градот со земја по секоја цена“.

„Ситуацијата во Мариупол е и страшна во воена смисла, и потресна. Градот повеќе не постои, рече Кулеба во интервју за емисијата „Соочи се со нацијата“.

„Остатоци од украинската армија и голема група цивили се опколени од руските сили. Тие ја продолжуваат својата борба, но, според начинот на кој руската армија се однесува во Мариупол, изгледа тие решија да го срамнат градот со земја по секоја цена“, истакна украинскиот министер.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

Официјални лица проценуваат дека околу 21.000 се убиени од руските војници во Мариупол, а 120.000 луѓе сѐ уште се во градот. Пред војната, населението на градот изнесуваше 450.000.

Југоисточниот пристанишен град е уништен од континуираните руски напади кои траат речиси два месеци.

Со оглед на тоа што Русија се чини дека се ближи до победата во Мариупол, украинските власти исто така се подготвуваат за засилени напади во источниот регион Донбас, каде што сепаратистите поддржани од Русија имаат контрола на одредена територија. Кулеба рече дека очекува и „очајни обиди на руските сили … да завршат со Мариупол по секоја цена“, а ракетните напади врз Киев и другите градови да продолжат.

- Реклама -