Куќи пријатели на природата

1204755031_151Градбата на куќи од иднината е осмислена од талентирани дизајнери и
инженери со цел да биде што поинтерактивна со природата и природните
извори.


Градбата на куќи од иднината е осмислена од талентирани дизајнери и инженери со цел да биде што поинтерактивна со природата и природните извори.

Првата е соларна и отпорна на ветар и користи листови во вид на бршлен за да произведе енергија на ѕидовите. Има примач под секој лист за да да ја собере енергијата. И естетски е доста привлечнa. Проектот се вика GROW, а индустриската дизајнерска компанија SMUT. Нивната цел е да можат да ги продаваат овие системи за година-две. Куќата изгледа како процесор па AMD или Intel може да ги закачат нивните логоа и да се рекламираат:)

smit-photovoltaic-house

feb_011

Вториот пример е она што ќе му е потребно на секој голем град. Зграда со апартмани со сопствена хидропонска градина (растенијата растат внатре и има вградено уреди за наводнување) – мал парк со дрва каде ќе може да си садите и ваши растенија. Некои од предвидувањата покажуваат дека во 2010 година 50% од луѓето во Кина ќе живеат во вакви апартмани. Сите знаеме дека ќе имаме проблеми со недоволен пристап на воздух и недостаток на земја како и оштетување на природните ресурси.

agrosouthwest002

Еве една агро-зграда. Овие апартмани со градина ќе "заживеат" во Вухан, Кина наскоро.

- Реклама -