Кремљ: Западните објекти за производство на оружје во Украина ќе бидат цел на руската војска

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека во Украина секој западен објект за производство на оружје, што се користи против Русија, ќе биде цел на руската армија.

Песков рече дека Кремљ има негативен став за одлуката на британскиот производител на оружје „BAE Systems“ да отвори база во Украина.

„Се разбира, секој објект за производство на оружје, особено она што се користи против нас, станува објект од посебен интерес за нашата армија“, рече Песков во разговор со новинарите.

BAE Systems, најголемата британска одбранбена компанија, вчера соопшти дека основала база во Украина и потпишала договори со владата во Киев за зголемување на испораките на оружје и воена опрема.

Прочитајте и:  Зеленски: Украина можеби ќе треба да почека и да го надживее Путин за да си ја врати територијата

МИА

- Реклама -