Кремљ: Приемот на Шведска и Финска во НАТО нема да ѝ донесе стабилност на Европа

Москва, 11 април 2022 (МИА) Евентуалниот прием на Шведска и на Финска во НАТО нема да ѝ донесе стабилност на Европа, соопшти денеска Кремљ.

„Во повеќе наврати рековме дека северноатлантската Алијанса останува оружје насочено кон конфронтација и дека нејзиното натамошно ширење нема да му донесе стабилност на европскиот континент“, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарско прашање за можниот влез на Шведска и на Финска во НАТО.

Претходно денеска, лондонскиот Тајмс, повикувајќи се на свои извори, објави дека прво Финска би можела да поднесе барање за членство во јуни, а потоа и Шведска, јави ТАСС.

Според извори на руската агенција, владите на Шведска и Финска соработувале на постигнување консензус за ова прашање, меѓутоа, конечна одлука ќе донесе независно, секоја држава сама за себе.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -