„Ништо друго освен клевета“ – така денеска портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков, ги оцени обвинувањата на сметка на Русија за вмешаност во протестите на „жолтите елеци“ во Франција.
Песков истакна дека Русија ги смета случувањата во Франција за „внатрешно прашање на Франција“.
Тој истакна и дека Русија никогаш не се меша во внатрешните прашања на другите земји, вклучително и Франција. Русија, рече тој, направила многу на полето на развојот на билатералните односи со Франција и го почитува нејзиниот суверенитет.
„Секоја изјава за вмешаност на Русија не е ништо друго освен клевета“, рече Песков.