Кремљ готви ликвидација на Лукашенко за да ја преземе контролата над белоруската армија, тврди американски институт

Руското воено разузнавање (ГРУ) бара сценарио во кое белорускиот диктатор Александар Лукашенко ќе биде отстранет од функција, ликвидиран или инсценирано убиство, а неговата должност ќе биде предадена на лице лојално на Русија, се вели во извештај на Институтот за глобални закани и изучување демократии „Роберт Ленсинг“ од Довер, Делавер (САД), именуван по поранешниот американски државен секретар.

Според извештајот, Кремљ е гневен на Лукашенко поради тоа што тој не дозволува активирање на армијата на Белорусија во руската војна во Украина. Белорускиот диктатор завчера изјави дека учество на 35.000 до 40.000 војници нема да измени ништо на теренот и повика на мировни преговори.

Институтот од свои извори дознава дека рускиот претседател Владимир Путин дал таква инструкција по враќањето од средбата на лидерите на Организација на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во Ерменија минатата недела, која заврши со фијаско и непотпишување на заедничка резолуција.

Прочитајте и:  Блумберг: Европа ќе мора да ги удвои трошоците за одбрана поради војната во Украина

Според извештајот, отстранувањето на Лукашенко ќе донесе место за Станислав Зас, човек лојален на Русија и под контрола на ГРУ. Потоа, Русија гледа дека ОДКБ е неефикасна организација и со ова ќе покаже дека има целосна контрола над неа, а тековниот белоруски лидер би увидел кој стои зад измамата.

Како што наведува институтот, ова е потврда за напорите на Русија да ја вовлече Белорусија во војната во Украина, а со намера да ја апсорбира и лиши од суверенитет. Најверојатно, се наведува, Кремљ цели да ги спои двете армии под една, руска команда, а, засега, на патот на овие планови стои Лукашенко.

Инаку, ден по објавувањето на извештајот на институтот „Роберт Ленсинг“, белоруската новинска агенција „Белта“ јави за ненадејното починување на Владимир Макеј, министерот за надворешни работи на Белорусија.

Извор: МИА

- Реклама -