Професорот Ерно Рубик – човекот кој ја измисли култната коцка, на светот му ја откри нејзината најнова верзија – Rubik 360.
Професорот Ерно Рубик – човекот кој ја измисли култната коцка, на светот му ја откри нејзината најнова верзија – Rubik 360.
Оваа нова играчка има шест топчиња „заробени“ во три транспарентни пластични сфери. Играчот треба да ги смести обоените топчиња во одговарачките дупки.
64-годишниот професор од Унгарија, за 360 ќе рече дека е најиновативната и највозбудливата играчка после култната Рубикова коцка, користејќи ги елементите на оригиналниот рубиков дизајн, која го предизвикува играчот да ги користи своите вештини, снаодливост и логика.
Оригиналната Рубикова коцка беше измислена во 1974-та, за веќе во 1980-та да стане феномен. Се предвидува дека оваа нова верзија 360 ќе го повтори успехот на култната коцка. Моменталниот рекордер во местење на Рубикова коцка е холандскиот тинејџер Eric Akkersdijk кој ја намести за 7.08 секунди, додека, пак на некои тоа им успеа после 26 години – како што е случајот со 45-годишниот Graham Parker. [Rubik’s revenge: Cube inventor set to launch 21st century version of iconic puzzle]