Обожаван од милиони, реге ѕвездата Боб Марли е човек за кој има многу што да се зборува.
Еве неколку факти за музичката легенда.
1.Име
Неговото вистинско име е Неста Роберт Марли. По коментарите дека Неста повеќе звучи како женско име, Марли ги заменил местата на средното и првото име.
2.Расно потекло
Поради своето мешовито расно потекло, кај локалните жители бил познат како „белото момче“. Поради ова се чувствувал отуѓен и му била потребна голема помош да се стекне со самодоверба и самопочит, за на крајот да стане човек каков што бил.
Тој еднаш рекол: „Јас немам предрасуди кон себе си. Татко ми бил бел, а мајка ми црна. Нека ме викаат како им е мило. Јас не сум на ничија страна. Нити сум на страна од црнците, ниту пак од страна на белците. Јас сум од страна на Бог, оној кој ме создаде и кој е причина да водам потекло од белец и црнкиња.“
3.Училиште
Најомилен предмет му била математиката. За жал, на училиште не се задржал долго и го напуштил за да се занимава со заварување. По опасна повреда при која парче метал му влегло во окото, Марли за среќа одлучил да ја напушти оваа работа.
4.Марихуана и затвор
Бил уапсен за поседување марихуана и поради тоа поминал еден месец во затвор. За време на тие месеци се запознал со многу затвореници и изградил добри и цврсти односи. Затворениците го мотивирале да започне со пишување на песни.
5.Tuff Gong
Ја основал издавачката куќа Tuff Gong која што го добила името по прекарот на Марли. Денес оваа издавачка куќа може да се пофали со еден од најголемите објексти за аудио снимање на Карибите.
6.Жени
Бил познат како женкар. Во текот на својот живот бил со многу жени, а со неколку од нив добил и деца.
7.Слава и пари
Кога го достигнал успехот станал многу великодушен кога се во прашање парите. Со оглед на тоа што израснал во сиромашно семејство на Јамајка, бил запознаен со тешкотиите на преживувањето. Одлучил да им купи куќи на своите пријатели и да им помага на сиромасите.
8.Смрт
Во јули 1977 година, кај Марли бил откриен acral lentiginous melanoma, форма на малигна меланома, појавена во една негова рана, која наводно ја здобил во пријателски фудбалски натпревар. Му била препорачана анпутација, но тој одбил од религиски причини. Туморот потоа се проширил што довело до смрт.
9. Последна желба
Во последниот стадиум од болеста Марли изразил желба своите последни денови да ги помине на Јамајка, но не успеал. Починал на патот од Германија до Јамајка, но како вечен романтик бил погребан на домашен терен заедно со фудбалската топка, својата гитара и цвет од марихуана.
Бонус: Можеби нема да и бидеш прв…