Можеби нема да ѝ бидеш прв

Веруваме дека Боб Марли бил проклето во право кога кажал…

„Можеби нема да бидеш нејзиниот прв, последен или единствен.  Сакала пред тебе, а може да сака и по тебе. Но ако те сака сега, што друго е важно? Таа не е совршена – но не си ни ти, а вие двајца можеби никогаш нема да бидете совршени заедно, но ако те засмејува, те поттикнува да размислуваш подобро и признава дека е човечко суштество кое прави грешки, држи се до неа и дај ù го најдоброто што можеш.

Можеби не размислува за тебе секоја секунда од денот, но ќе ти даде дел од неа за кој е свесна дека може да го скршиш – нејзиното срце. Па не ја повредувај, не се обидувај да ја промениш, не ја анализирај претерано и не очекувај да ти даде повеќе од она што може. Насмевни се кога те прави среќен, нека знае кога те прави лут и нека ти недостига кога не е тука.“

Мисла на денот

Боб Марли

- Реклама -