Премиерот Димитар Ковачевски и актуелен лидер на СДСМ, лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев имале средба во Скопје.
Информацијата за МИА ја потврдија извори од СДСМ кои посочуваат дека средбата поминала во конструктивна и позитивна атмосфера.
Средбата траела околу четири часа и на неа е разговарано за европскиот фронт и за претстојните претседателски и парламентарни избори.